Научниот комитет на „COST“ е стручно советодавно тело што придонесува за утврдување на научните и технолошките насоки на организацијата, обезбедување научен квалитет и разгледување предлог-проекти и резултати од истражувачките мрежи.
Состанокот го водеше Влатко Илиески, македонскиот претставник и актуелен заменик-претседател на комитетот. На него претставници од македонската академска и истражувачка заедница презентираа научни проекти, истражувачки мрежи и примери за поврзување на науката со креирањето политики.
Александар Стамболев ја презентираше улогата на „EIT Community Hubs“ и нивните достигнувања во земјава. Марина Андева зборуваше за градење и одржување истражувачки мрежи на „COST“, а Александра Мартиновска-Стојчевска за соработката меѓу академската заедница и креаторите на политики во агрохранителниот сектор.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.