Форумот ќе се занимава со дигитални компетенции, вештачка интелигенција (ВИ) и младинска работа. Меѓу прашањата во фокусот се влијанието на ВИ врз пазарот на трудот и правните и етичките аспекти на нејзината примена во образованието и младинската работа. Програмата ќе вклучува панел-дискусии, воведни предавања, практични работилници, испробување алатки и размена на искуства.
За учество се наменети младински работници, младински лидери, обучувачи, едукатори, проектни менаџери, истражувачи и креатори на политики кои работат со млади или во области поврзани со дигиталната трансформација и вработливоста на младите. Учесниците треба да можат да комуницираат на англиски, активно да учествуваат и да бидат подготвени да споделуваат искуства и алатки. Не е потребно напредно познавање на ВИ.
Патните трошоци и сместувањето ги покрива Националната агенција што ги испраќа учесниците, а во овој случај тоа е НА „MK01“. Учесникот индивидуално учествува со пет отсто од висината на патниот билет, во вид на трошоци како локален превоз или патничко осигурување. Целосно пополнетата пријава се поднесува преку https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/youth-work-digital-competences-forum-2026-3rd-edition.15466/.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.