Можат да се пријават амбасадори и креатори на содржини на ЕПАЛЕ, претставници на образовни установи, даватели на услуги за образование на возрасни, институции и организации активни во областа, како и други заинтересирани за развојот на образованието на возрасните. Крајниот рок за пријавување е 9 ноември 2026 година, а пријавата е достапна преку линкот наведен во повикот.
Учесниците ќе се избираат според редоследот на пријавување, во согласност со критериумите за учество. Бројот на места е ограничен.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе ги покрие трошоците за храна, сместување и пат. За учесниците од Скопје ќе биде организиран превоз до Охрид и назад. Учесниците од другите градови сами ќе го обезбедат превозот од местото на поаѓање до местото на конференцијата, а патните трошоци ќе им бидат рефундирани до износот на повратен автобуски билет.
Конференцијата има за цел да ги заокружи активностите од тековниот циклус, да ги претстави неговите резултати и добрите практики при користењето на платформата. Предвидено е и претставување на новиот циклус, утврдување на приоритетните теми и потреби на заедницата и поттикнување поголемо учество на националните чинители во развојот на образованието на возрасните. Во програмата е планирана и едукативна сесија за актуелни теми и развој на професионалните компетенции.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.