Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

АХВ и Амбасадата на Кореја договорија соработка за храна, ветеринарство и трговија

Извор на фотографијата: Агенција за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија
Извор на фотографијата: Агенција за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија

Агенцијата за храна и ветеринарство и Амбасадата на Република Кореја потпишаа меморандум за соработка во безбедноста на храната, ветеринарството и олеснувањето на трговијата со храна, животни и производи од животинско потекло. Документот беше потпишан во Скопје на 30 октомври.

Меморандумот поставува рамка за размена на информации, експертиза и добри практики меѓу надлежните институции на двете земји. Предвидува и размена на научни и технички знаења, стручни обуки, семинари, работилници и студиски посети, како и можности за техничка поддршка.

Соработката опфаќа и размена на информации за увозните и извозните барања, санитарните услови, сертификацијата и постапките за пристап до пазарите. Предвидена е директна комуникација за полесно идентификување и, каде што е можно, надминување на техничките и административните пречки во трговијата, со почитување на важечките национални прописи и меѓународните стандарди.

Меморандумот предвидува и соработка за олеснување на пристапот на корејските државјани што престојуваат во Македонија до прехранбени состојки и други неопходни производи за секојдневниот живот, како и до информации за важечките законски и регулаторни барања. Го потпишаа директорот на АХВ, Оливер Миланов, и амбасадорот Ким Донгбе.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.