363 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Државниот завод за статистика и „TURKSTAT“ потпишаа меморандум за соработка

Извор на фотографијата: Државен завод за статистика
Извор на фотографијата: Државен завод за статистика

Државниот завод за статистика и Турскиот институт за статистика („TURKSTAT“) потпишаа меморандум за унапредување на соработката во статистиката.

Меморандумот предвидува размена на информации и искуства за примената на меѓународните статистички стандарди и методологии, развој на техничката соработка и организирање експертски посети, работилници и семинари.

Меморандумот беше потпишан во рамките на 111. Конференција на претседателите на националните статистички институции на Европа, одржана на 28 и 29 октомври 2026 година во Берн, Швајцарија. Главна тема беше влијанието на вештачката интелигенција врз создавањето, објавувањето и користењето на официјалната статистика. На конференцијата беа разгледани и достапноста и повторната употреба на податоците, зачувувањето на довербата и веродостојноста на статистиката, како и приспособувањето на институциите кон новите технолошки предизвици.

На конференцијата учествуваше директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков. Тој оствари и билатерална средба со директорката на Статистиката на Шведска, Ева-Ло Иге, на која биле разменети искуства и разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу институциите.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.