Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Македонскиот олимписки комитет започна кампања за женскиот спорт

Изворна графика: Олимписки комитет на Северна Македонија
Изворна графика: Олимписки комитет на Северна Македонија

Македонскиот олимписки комитет и партнерите ја започнаа кампањата „Навивај за Неа“ за поголема видливост и посетеност на женските спортски натпревари.

Кампањата ги опфаќа женската кошарка, фудбал, ракомет и одбојка. Во соработка со националните спортски федерации е подготвен календар на избрани натпревари.

Во рамки на кампањата ќе има медиумски и дигитални активности, промоција на избрани натпревари и видео и радио содржини. Во нив директно ќе се вклучат спортистки, јавни личности, навивачки групи, институции и други поддржувачи на женскиот спорт.

Кампањата е дел од проектот „Фер игра – поддршка за родова еднаквост во спортските политики“, кофинансиран од Европската Унија. Проектот го спроведуваат Македонскиот олимписки комитет, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Спорт Соушал Солушнс и Параолимпискиот комитет.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.