Според критиките на партијата, недостигаат урбанистичка документација, нови станбени зони и простор за развој на бизнисите, што, според неа, го отежнува привлекувањето инвестиции и отворањето работни места. ВМРО-ДПМНЕ наведува дека младите сè почесто ја гледаат иднината надвор од Богданци.
Партијата ги посочува намалувањето на бројот на ученици во средното општинско училиште и губењето дел од образовните можности. Во однос на јавните средства, ги споменува реконструкцијата на училиштето, прекопувањето веќе изградени улици за поставување водоводна мрежа и проблемите со дел од инфраструктурните проекти, кои, според неа, отвораат прашања за планирањето и контролата на изведбата.
ВМРО-ДПМНЕ наведува дека загубите на Јавното комунално претпријатие, според достапните податоци, надминуваат 200.000 евра во последните шест години и повикува на анализа на финансиското работење.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.