На дијалогот се разговарало за енергетската и климатската иднина на Македонија, со учество на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претставници на институциите и меѓународната заедница.
Божиновска истакна дека енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија, но и сигурен и функционален систем, притоа земајќи ги предвид потребите на стопанството и можностите на домаќинствата. Меѓу приоритетите ги наведе зголемувањето на обновливите извори со паралелни инвестиции во модерна електроенергетска мрежа и складирање енергија, како и поголема енергетска ефикасност и електрификација на транспортот, греењето и индустријата, во согласност со можностите и потребите на економијата.
Таа ја поврза праведната транзиција со можности за нови инвестиции, преквалификација и економски развој за работниците и регионите зависни од јаглен. Божиновска наведе дека преку Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција работат на поврзување конкретни проекти со меѓународна финансиска и техничка поддршка.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.