Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Девет ученици наградени на конкурсот за Денот на осигурувањето

Фотографија објавена на јавниот профил на Агенција за супервизија на осигурување
Фотографија објавена на јавниот профил на Агенција за супервизија на осигурување

Девет ученици од основни и средни училишта се наградени на конкурсот на Агенцијата за супервизија на осигурување по повод Денот на осигурувањето, 1 ноември.

Во категоријата цртеж за ученици од прво до петто одделение наградени се Весна Билбиловска од ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар, Петар Зафиров од ООУ „Димитар Поп Ѓеорѓиев Беровски“ во Скопје и Теодора Стојкова од ООУ „Васил Главинов“ во Велес. Темата била грижата за она што им е важно.

За песни во категоријата за ученици од шесто до деветто одделение наградени се Ања Бабуновска од ООУ „Васил Главинов“ во Велес, Леон Наковски од ООУ „Браќа Миладиновци“ во Пробиштип и Сања Савеска од ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ во Кичево. Темата била одговорноста денес за поголема сигурност утре.

Во категоријата за средношколци, за раскази или есеи на тема финансиска писменост и улогата на осигурувањето, наградени се Теодора Јоновска од РЦСОО „Ѓорѓи Наумов“ во Битола, Ана Ашталкоска од СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ во Струга и Ангела Ѓорѓиоска од СОУ „Гостивар“ во Гостивар.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.