Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

РСБСП обезбеди 33 полициски мотоцикли и опрема за МВР

Гледај на YouTube
  • РСБСП обезбеди за потребите на МВР 33 полициски мотоцикли и исто толку комплети заштитна опрема.
  • Мотоциклите се од марката „Piaggio Beverly 310 HPE“, во полициска изведба.
  • Секој комплет содржи заштитна кацига, јакна, панталони, чизми и летни и зимски ракавици.

РСБСП обезбеди за потребите на МВР 33 полициски мотоцикли и исто толку комплети заштитна опрема. Денеска се одржа официјалното предавање на опремата.

На предавањето присуствуваа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на РСБСП, Горан Ангеловски.

Мотоциклите се од марката „Piaggio Beverly 310 HPE“, во полициска изведба. Вкупната вредност на набавката е 16.845.561 денари.

Секој комплет содржи заштитна кацига, јакна, панталони, чизми и летни и зимски ракавици. Опремата е наменета за организациските единици на МВР задолжени за контрола и регулирање на сообраќајот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.