Министерот за правда Шон Фрејзер го образложи потегот со недостиг на согласност за тоа кој би ги исполнувал условите. Тој изрази загриженост поради несогласувањето во медицинската заедница за неизлечивоста на одредени ментални болести. Претходно оваа година парламентарна комисија препорача лицата чија единствена основна медицинска состојба е ментална болест да бидат исклучени од програмата на неопределено време, но дел од членовите не се согласиле и објавиле издвоен извештај.
Застапниците на проширувањето сметаат дека исклучувањето ги нарушува уставните права и пристапот до медицинска грижа. Организацијата „Dying with Dignity“ ја оцени одлуката како длабоко разочарувачка. Во тек е федерален судски спор со кој се оспорува претходната одлука за одложување на пристапот за лица чија единствена состојба е ментална болест.
Најавениот закон треба да им овозможи и на пациенти со прогресивна неизлечива болест однапред да се согласат на потпомогнато умирање, пред состојбата да им се влоши до степен да не можат да одлучуваат. Конечната одлука за таквите барања ќе ја носат провинциите. Федералниот закон засега не дозволува претходна согласност, но таа е дозволена во Квебек за лица со сериозни и неизлечиви болести.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.