Најважно
369 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Конференција за подобар пристап до услуги во пограничниот регион меѓу Србија и Македонија

Извор на фотографијата: Општина Куманово
Извор на фотографијата: Општина Куманово

Денеска се одржа конференција за реализацијата на прекуграничниот проект „Премостување на границите – Заедно за утре“, чија цел е подобар пристап до социјални, здравствени и културни услуги за ранливите групи во пограничниот регион на Србија и Македонија.

Конференцијата се одржа во кружната сала на поранешниот Комитет. На неа учествуваа претставници на институциите што го спроведуваат проектот, меѓу нив Општина Куманово и Советот на Општината, Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово, Центарот за развој на локални социјални услуги во Врање и ЗРЦЛИП „Порака наша“ од Куманово.

Носител на проектот е Едукативниот центар од Лесковац, со финансиска поддршка од Европската Унија во рамки на Програмата за прекугранична соработка Србија – Македонија и инструментот ИПА III.

Реализацијата започна во јули 2026 година и ќе трае 24 месеци.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.