Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Скопскиот институт за духовно и културно наследство на Албанците и Институтот за антропологија во Тирана најавија формализирање на соработката

Извор на фотографијата: ЈНУ Институт за духовно и културно наследство на Албанците-Скопје
Извор на фотографијата: ЈНУ Институт за духовно и културно наследство на Албанците-Скопје

Институтот за духовно и културно наследство на Албанците од Скопје и Институтот за антропологија во Тирана одржаа работна средба на 6 октомври во Тирана. Според скопскиот институт, наскоро треба да биде потпишан документ за формализирање на соработката.

На средбата учествуваа директорот на скопскиот институт, Бенсик Емини, директорот на Институтот за антропологија, Олси Лелај, и раководители на сектори.

Емини ги претстави проектите и активностите на скопскиот институт. Побарана била поддршка од специјалистите на Институтот за антропологија за работата на скопскиот институт во истражувачките области што тој ги покрива. Лелај ја поздравил идејата за меѓусебна соработка.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.