Најважно
369 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Во ООУ „Христо Узунов“ во Охрид од 2023 година се инвестирани 12,5 милиони денари

Извор на фотографијата: Општина Охрид
Извор на фотографијата: Општина Охрид

Во ООУ „Христо Узунов“ во Охрид од 2023 година досега се инвестирани 12.522.926 денари, од кои 7.225.060 денари во 2026 година.

Зафатите годинава опфатија реконструкција и уредување училници, обновување на подот во холот и реконструкција на информатичката училница. Поставени се интерактивни табли и нови внатрешни врати, реконструирани се потпорните ѕидови и заменети се парните котли.

Се уредува и сензорната соба, со што се подобруваат условите за учениците на кои им е потребна дополнителна поддршка.

Во изминатите години во училиштето се набавени нов училиштен инвентар, смарт-табли, машини за чистење и друга опрема.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.