На средбата биле разменети мислења и за можностите за продлабочување на контактите и размена на искуства во енергетскиот сектор.
Божиновска го започна учеството во програмата „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“ и учествуваше на сесија за оперативно управување со кризи. Програмата на Дипломатската академија на Виена ги поврзува жените на лидерски позиции од регионот, со цел зајакнување на лидерските капацитети и размена на искуства за предизвиците во јавниот сектор.
Во рамки на програмата, Божиновска имаше работен ручек со директорот на Дипломатската академија на Виена, амбасадорот Мартин Ајхтингер. Разговарале за лидерството, јавната служба и меѓународната размена на искуства.
Во продолжение на престојот, Божиновска ќе им се обрати на студентите на академијата и ќе одржи предавање за енергетската транзиција и актуелните состојби во енергетскиот сектор во Македонија. Меѓу темите се обновливите извори на енергија, модернизацијата на инфраструктурата, енергетската сигурност и регионалното поврзување.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.