Каранфилова-Пановска рече дека јавниот долг за две години достигнал 11 милијарди евра, што според неа е речиси половина од долгот натрупан во повеќе од 30 години независност. Таа тврдеше и дека јавниот долг, заедно со долговите на јавните претпријатија за кои рече дека се кријат, го нарушува фискалното правило и надминува 63 проценти од бруто-домашниот производ.
Каранфилова-Пановска рече дека СДСМ бара минимална плата од 600 евра, придружена со субвенции за бизнис-секторот за да се покријат придонесите за разликата од зголемувањето. Таа оцени дека економскиот раст заостанува во споредба со земјите од регионот.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.