Левица наведува дека предложените измени повторно отвораат можност за рестартирање тешка загадувачка индустрија во населени места. Според партијата, се брише одредбата што забранува рестартирање тешка индустрија во радиус од пет километри од населено место, како и обврската на концесионерите за справување со контаминирани подрачја.
Партијата ја оспорува и постапката. Таа наведува дека собраниската верзија на законот драстично се разликува од објавената нацрт-верзија и дека Министерството за животна средина нема одговор на коментарите доставени преку ЕНЕР. Според Левица, со измените се скратуваат и роковите за жалба.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.