Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Во Куманово отворен првиот фестивал на кинеска филмска продукција во Македонија

Фотографија објавена на јавниот профил на Максим Димитриевски
Фотографија објавена на јавниот профил на Максим Димитриевски

Во Занаетчискиот дом во Куманово е отворен првиот фестивал на кинеска филмска продукција во Македонија. Фестивалот почна со проекција на филмот „Сонцето изгрева над сите нас“.

Фестивалот го организира „EU China Film Festival“, со поддршка од Фондацијата за култура и спорт – Куманово и Општина Куманово. За отворен го прогласи Дејан Стојановски, раководител на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово.

За 7 и 8 октомври се најавени уште четири филмски вечери, со проекциите на „Monster Hunt“, „When the Night Meets Light“, „Monster Hunt 2“ и „Like a Rolling Stone“.

На отворањето се обрати амбасадорката на НР Кина во Македонија, Џијанг Сјаојан. Таа истакна дека културната размена и емоциите што ги пренесува филмското платно се мостови на пријателство и соработка меѓу двата народа.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.