Фич го образложи намалувањето со значително повисоката задолженост по преземањето, ризиците при спроведувањето и интеграцијата и неизвесноста дали компанијата ќе ги оствари најавените синергии, важни за нејзината цел да го намали долгот. Агенцијата посочи и на структурен притисок врз приходите од линеарната телевизија, конкуренцијата во стримингот и ризикот поврзан со содржини чиј успех зависи од поединечни хитови.
Новата Скајденс започна со работа со околу 80 милијарди долари долг. Фич го опишува рејтингот „BB“ како показател за зголемена ранливост од неплаќање, особено при неповолни промени во деловните или економските услови, но наведува дека сè уште има доволно флексибилност за отплата.
Рејтингот „BB“+ бил највисокото ниво на Фич под инвестицискиот степен, а „BB“ е едно ниво пониско. Долгот на Парамаунт и пред намалувањето бил во категоријата со висок принос, односно шпекулативната категорија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.