Ганинг ќе ја игра Ени, Докери ќе биде Џулија, О’Рајли ќе ја игра Силвана, Свиндел ќе биде Сузи, а Де Леон ќе ја толкува Елена.
Според описот на заплетот објавен од „Variety“, четири жени ги придружуваат своите сопрузи, раководители во рударството, на одмор на тропски остров. Кога сомнителните зделки на мажите ќе ги доведат сите во опасност, жените ќе мора да преживеат во џунглата и една со друга.
Серијата е заснована на романот „Savages“ од Ширли Конран. Снимањето треба да почне во Австралија во текот на 2026 година. Сценариото го адаптира Џуд Мек, а режисерка е Ема Фриман.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.