Апсењата биле спроведени во соработка со полицијата, по дојава. Според Би-би-си, жените се осомничени дека ги продавале букетите во различни делови на Акра.
Би-би-си наведува дека апсењата се најголемата акција за спроведување на законот против злоупотреба на валутата. Банката на Гана смета дека правењето букети и украсувањето торти со банкноти е незаконско и претставува злоупотреба и неправилно ракување со ганскиот седи, националната валута. Во јули банката предупредила дека ваквото постапување може да биде прекршок.
Полицијата започнала истрага, а властите велат дека осомничените ќе бидат гонети. Тие може да добијат парична или затворска казна, за која ќе одлучи судот.
Дина Бонзи од одделот за валута на Банката на Гана предупредила дека и лица што помагаат во или промовираат вакви активности може да бидат уапсени и гонети.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.