Буџетот изнесува 61 милион бразилски реали, односно околу 20 милиони долари. „Variety“ го опишува како еден од најголемите во историјата на бразилската кинематографија. Продуцентката Татјана Иса изјавила за медиумот дека преку бразилски стимулации се обезбедени 80 отсто од буџетот.
Снимањето на локации е планирано во Њујорк, Рио и Марика. Њујорк ќе се користи за сцените со пристигнувањето на Миранда со брод и нејзините настапи на Бродвеј, а Марика ќе го претставува Лос Анџелес.
Претставувањето на проектот е закажано за денеска на РиоМаркет, деловниот сегмент на Филмскиот фестивал во Рио. Компанијата „H2O Films“ планира филмот да се прикажува во бразилските кина во втората половина на 2028 година.
Според Иса, продуцентите целат на кино-прикажување и во САД, Европа и Азија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.