366 вести · 24 ч.
Битола 11°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Советот за превенција на детско престапништво при Општина Тетово одржа предавање за ученици

Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Тетово
Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Тетово

Советот за превенција на детско престапништво при Општина Тетово денес одржа предавање и интерактивен разговор за малолетничката деликвенција со ученици од Средното општинско медицинско училиште „Никола Штејн“.

На активноста се дискутираше за правните, психолошките и социјалните последици од деликвенцијата, превенцијата и одговорното донесување одлуки. Наташа Ристовска, раководителка на Секторот за ресоцијализација во Воспитно-поправниот дом, говореше за извршувањето на институционалната воспитна мерка и ресоцијализацијата на децата во судир со законот.

На активноста учествуваа и претставнички на „PsychAlb“, организација со која Советот соработува. Учениците беа информирани дека во организацијата можат да добијат бесплатно индивидуално стручно советување.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.