Општина Кисела Вода и Општинскиот совет за превенција од детско престапништво ги покануваат родителите, децата, наставниците и стручните вработени во училиштата.
На трибината ќе зборуваат психолозите и психотерапевти Дора Попова Узуновски и Мито Тасевски. Попова Узуновски е и кариерен советник и асистент на МИТ универзитетот, а Тасевски работи како училишен психолог во ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“.
Меѓу говорниците се и Сашо Андонов, советник во Советот на општина Кисела Вода и наставник во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, и Катерина Стојкова, главен инспектор за превенција по ЈРМ во Одделението за превенција при СВР Скопје.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.