Божиновска навела дека разговорите опфатиле батериски системи за складирање енергија, подобро поврзување на електроенергетските пазари, прекугранична размена и мерки за справување со енергетската сиромаштија. Според неа, бугарското искуство со батериски системи може да биде значајно за Македонија.
Министерките разговарале и за Иницијативата Исток–Запад, која предвидува дополнително електроенергетско поврзување меѓу Македонија и Бугарија, како и за можноста за заеднички настап пред меѓународните финансиски институции за стратешки енергетски проекти. Божиновска навела дека соработката се пренесува и на оперативно ниво, преку поврзување на МЕПСО, НОМАГАС и МЕМО со партнери во Бугарија и размена на знаења и искуства.
Како цели на соработката ги навела повеќето интерконекции, поголемите преносни капацитети, подобро интегрираните пазари и посигурен енергетски систем за граѓаните и економијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.