Предвидени се 25 стипендии за надарени ученици, 25 за талентирани ученици и пет за надарени и талентирани ученици со посебни образовни потреби. Повикот трае седум дена.
За надарените ученици се наведени високите постигнувања во природните науки, математиката и јазиците. За талентираните се опфатени уметностите, ликовното изразување, музиката, дизајнот и спортот. За учениците со посебни образовни потреби се наведени учества во тие области.
Целосниот повик е достапен на https://gazibaba.gov.mk/javen-povik-za-dodeluvanje-stipendii-na-nadareni-i-talentirani-uchenici-i-talentirani-i-nadareni-uchenici-so-posebni-obrazovni-potrebi-od-opstina-gazi-baba-za-uchebnata-2026-2027-godina/.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.