За поддршката се обезбедени 584 милиони денари, а таа е зголемена за 12,3%, наведе Серафимовски. Според него, мерката ќе ги намали трошоците за гориво на земјоделците во пресрет на есенската обработка на земјоделските површини.
Серафимовски најави и исплата од околу 150 милиони денари за јаболкопроизводителите, по два денари за килограм јаболко од бербата во 2024 година, предадено до 30 јуни 2025 година.
Според Серафимовски, предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи предвидува писмени договори пред испораката, однапред познати услови за откуп и јасни рокови за плаќање. Тој ги повика оние што протестираат или укажуваат на слабостите на постојниот систем да достават предлози преку ЕНЕР или подрачните единици.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.