Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Државната секретарка во Министерството за одбрана Чуповска Ристова: Македонските војници ќе продолжат со придонесот во КФОР и во мултинационалните сили на НАТО во Романија и Бугарија

Фотографија објавена на јавниот профил на Министерство за одбрана
Фотографија објавена на јавниот профил на Министерство за одбрана
  • Според Министерството за одбрана, продолжуваат инвестициите во развојот на одбранбените капацитети.

Македонските војници ќе продолжат да придонесуваат во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, и во мултинационалните сили на Алијансата во Романија и Бугарија, истакна државната секретарка во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова.

Чуповска Ристова ја пренесе пораката на вчерашната средба со заменик-помошникот генерален секретар на НАТО за партнерства, амбасадорот Кевин Хамилтон. Таа нагласи дека регионалната стабилност и безбедност остануваат во фокусот.

Според Министерството за одбрана, земјата продолжува да инвестира во развојот на одбранбените капацитети преку модернизација и опремување на македонската Армија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.