Специјална гостинка беше поетесата и писателка Билјана С. Црвенковска од Македонија. Настапија дваесетина поети од македонско потекло кои живеат и творат во Шведска, како и автори од други националности, меѓу нив и членови на Писателскиот центар во западна Шведска.
Манифестацијата е посветена на македонското литературно творештво и на негувањето на македонскиот јазик и културниот идентитет меѓу Македонците во Шведска. Во програмата учествуваа и ученици со македонско потекло, кои со музички и рецитаторски изведби претставија дела на познати македонски автори.
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, одржа поздравен говор и му додели признание на Македонскиот сојуз во Шведска за зачувување на македонскиот јазик и култура преку литературното творештво. Признанието го прими претседателот на Сојузот, Јован Божиновски.
Во рамките на програмата се одржа и годишното собрание на поетското друштво „Дениција“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.