Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Министерот за правда Шасивари и директорката на ИФЕС разговараа за изборните реформи

Извор на фотографијата: Влада на Република Северна Македонија
Извор на фотографијата: Влада на Република Северна Македонија
  • Шасивари истакна дека изборната реформа бара дијалог и градење консензус.
  • Консултативната средба со парламентарните партии беше дел од напорите за деблокирање на реформата.

Министерот за правда Јетон Шасивари се сретна со директорката на ИФЕС за Северна Македонија, Јоана Косма, со која разговараше за изборните реформи и следните чекори за унапредување на изборното законодавство.

На средбата беа разгледани можностите искуството на ИФЕС во изборните процеси да се искористи во натамошната работа на реформата, како и соработката со организацијата.

Во разговорот беше нагласена потребата од дијалог и вклучување на сите засегнати страни, со цел да се најдат одржливи решенија за зајакнување на довербата во изборниот процес. Шасивари истакна дека реформата не може да биде еднострана и дека бара постојана комуникација, слушање на аргументите на сите страни и градење консензус.

Министерството за правда веќе презеде чекори за обновување на дијалогот меѓу политичките чинители. Последната консултативна средба со претставници на парламентарните партии беше дел од напорите за деблокирање на реформскиот процес и враќање на отворените прашања на дискусија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.