Институтот го претставуваше Виолета Шареска-Ѓаковска, техничка секретарка на ИСРСМ ТК 9 за менаџмент со квалитет, животна средина и ризици. Таа учествуваше и на состаноците на работната група „ISO/TC 301/WG 18“, на кои се разгледуваше нацртот на меѓународниот стандард „ISO/DIS 50012“ за план за собирање податоци за енергијата во системите за управување со енергијата. ИСРСМ ТК 9 има статус на членка учесник во меѓународниот комитет.
На пленарната седница беше претставен и проектот „S4S“ за стандарди за одржливост. Македонскиот експерт д-р Александар Ѓерасимовски одржа виртуелна презентација за завршениот проект, кој опфатил обука во Бишкек, Киргистан, примена на стандардот „ISO 50001“ во две пилот-организации и национален настан за подигнување на свеста за неговата примена.
Ѓерасимовски го претстави и завршениот проект за примена на „ISO 50001“ во Рептил Маркети. Според Институтот, ова е првпат експерт од Македонија да презентира на пленарна седница на меѓународен технички комитет.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.