Признанијата ги врачија министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателката на Сојузот, Жаклина Ристовска. Според Јаневска, Сојузот ги избрал наградените врз основа на нивните резултати, признанија, награди и посветена работа во изминатата учебна година.
Во предучилишното образование признанието за најдобар просветен работник го доби Клементина Петрушевска, воспитувач во градинката „Весели Цветови“ во Кисела Вода.
За најдобри наставници во одделенската настава се прогласени Соња Трифуновска од ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово, Виолета Поповска од ОУ „Вера Јоциќ“ во Гази Баба, Габриела Мерџаноска од ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар, Ксенија Николова од ОУ „Гоце Делчев“ во Босилово и Весна Тодоровска – Унковска од ОУ „Партенија Зографски“ во Кисела Вода.
Во предметната настава признанија добија Томе Китановски од ОУ „Гоце Делчев“ во Василево, Бојанка Џипунова – Ташова од ОУ „Васил Главинов“ во Велес, Вера Зороска од ОУ „Христо Узунов“ во Охрид, Оливера Шиклеска – Грозданова од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола и Благица Чатлеска од ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Во средното образование за најдобар наставник е избран Никола Делевски од Регионалниот центар за стручно образование и обука „Никола Карев“ во Струмица. Постхумно признание му беше доделено на Слаѓан Станковиќ – Битрак, кој бил дел од наставниот кадар во СОУ „Наце Буѓони“ во Куманово и во „Математичко – информатичка гимназија“ во Скопје.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.