Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Министерот за надворешни работи Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новиот грчки амбасадор Јанис Малукос

Извор на фотографијата: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Извор на фотографијата: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
  • Муцунски и Малукос изразија подготвеност за инфраструктурно и енергетско поврзување.
  • Муцунски ја потврди владината посветеност на европската реформска агенда.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грција во земјава, Јанис Малукос.

Муцунски и Малукос изразија подготвеност за зајакнување на билатералната соработка, особено преку проекти за инфраструктурно и енергетско поврзување. Соговорниците изразија подготвеност и за внесување нова динамика во економската соработка и соработката во културата и туризмот.

Муцунски изрази уверување дека дипломатското искуство и личниот ангажман на новиот амбасадор ќе придонесат за унапредување на политичкиот дијалог и добрососедските односи меѓу двете земји.

Министерот се заблагодари за грчката поддршка на македонскиот евроинтегративен процес и за континуираните заложби на Грција за целосна интеграција на Западен Балкан во Европската Унија. Тој ја потврди посветеноста на Владата на целосното спроведување на европската реформска агенда, во подготовките за членство во ЕУ во согласност со Копенхагенските критериуми.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.