Одговарајќи на новинарско прашање дали има незадоволство од пораките на Фон дер Лајен или од застојот на патот кон ЕУ, Мицкоски рече дека таквите тврдења ги слушнал од опозицијата и од одредени медиуми блиски до неа. Тој ги обвини дека не ја говорат вистината и се обидуваат да ја искривуваат, а средбата со Фон дер Лајен ја опиша како квалитетна, содржајна и пријателска.
Мицкоски најави дека Владата ќе продолжи со реформите и изрази очекување дека во следниот период ќе може да се интензивира евроинтеграцискиот процес и да се најде решение за сегашната ситуација.
Во објавата за средбата на 2 октомври, Мицкоски наведе дека разговарале за европската иднина на Македонија, реформите и предизвиците на патот кон членство. Тогаш порача дека очекува фер и предвидлив процес со јасни правила, во кој исполнувањето на обврските ќе носи конкретен напредок, без простор за нови билатерални условувања.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.