Со налозите бил овозможен претрес на неговиот дом на имотот Сандрингам и на поранешната резиденција „Ројал Лоџ“ во Виндзор. За разгледување на барањето е најавено рочиште зад затворени врати во четврток.
Полицијата „Темз Вали“ за Би-би-си потврдила дека е вклучена во судска постапка поврзана со налози претходно добиени од Централниот кривичен суд. Од полицијата одбиле дополнително да коментираат додека трае постапката.
Маунтбатен-Виндзор беше уапсен на 19 февруари поради сомнение за злоупотреба на јавна функција. Истрагата се однесува на пријава со навод дека споделувал доверливи материјали со Џефри Епстин. Подоцна бил пуштен на слобода, но истрагата продолжила. Тој претходно негирал какво било незаконско постапување.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.