Кандидатите треба да бидат државјани на Република Северна Македонија, да имаат најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и најмалку пет години работно искуство. Во моментот на именувањето не смеат да имаат изречена казна или прекршочна санкција со правосилна судска пресуда со која се забранува вршење професија, дејност или должност. Во Управниот одбор треба да има најмалку еден член со искуство во финансиското работење и најмалку еден со искуство во правните работи.
Со пријавата се доставуваат пополнет образец, кратка биографија, уверение за државјанство, уверение или диплома за потребното образование и доказ за отсуство на наведената казна или прекршочна санкција со забрана. Потребен е и доказ од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување за најмалку пет години работно искуство. Во бараната документација се наведени и сертификати, лиценци, уверенија и дипломи издадени од овластени или акредитирани институции.
Документите се поднесуваат во оригинал или како копии заверени на нотар, во архивата на Општина Дебрца во Белчишта, со назнака дека се за јавниот повик за избор на членови на Управниот одбор на ЈПКД „Дебрца“. Повикот со сите услови е достапен на www.debrca.gov.mk и на веб-страницата на претпријатието.
Непополнетите пријави, некомплетната документација и документите доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.