Документацијата ја изработува Хабитат Македонија, партнер во проектот. За реконструкција на фасадата на Заедницата на сопственици „Каменичка 18“ таа веќе е во завршна фаза, а започнува изработката и за „Каменичка 20“.
Општината очекува останатите четири заедници на сопственици, „Гоце Делчев 5“, „Александар Македонски 11“, „Самоилова – Кула 1“ и „Самоилова – Кула 2“, да ја добијат проектната документација во текот на ноември 2026 година.
За оваа намена Општината нуди субвенции до 40%, со максимален износ од еден милион денари по апликација.
Следниот повик е најавен за 2027 година. Општината ги повикува и останатите жители во зградите за колективно домување да оформат заедници на сопственици за да бидат подготвени за него.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.