Според „DW“, спорот стигнува до судот откако Рајхе не доставила во предвидениот рок изјава дека ќе престане со спорното однесување.
Во објавата Рајхе оценила дека антисемитизмот и експропријацијата ги загрозуваат Германија и економијата. „DW“ објаснува дека коментарот се однесува на недокажаното обвинување дека Левицата има антисемитска идеологија и на нејзиниот план становите на големите компании-сопственици да преминат во општествена сопственост, со цел намалување на нагло растечките кирии во Берлин.
Рајхе ги продолжила критиките за време на посетата на Украина изминатиот викенд. За неделното издание на „Билд“ изразила страв дека левичарска коалиција на власт во Берлин би го намалила економскиот раст на национално ниво. Берлинскиот огранок на Левицата, пак, ја обвинува Христијанско-демократската унија (ЦДУ), на која ѝ припаѓа Рајхе, за широка кампања против водечката кандидатка на партијата, Елиф Ералп.
Левицата презела правни чекори и поради слични изјави на веб-страниците на покраински министерства за внатрешни работи предводени од ЦДУ, оспорувајќи ја употребата на официјални владини канали за дискредитирање друга партија. Министерствата во Саксонија и Шлезвиг-Холштајн ги повлекле изјавите, додека оние во Баден-Виртемберг, Бранденбург и Хесен досега не го сториле тоа.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.