Според обвинителството, меѓу запленетото била рачна бомба „М75“ со метални кугли со дијаметар од околу 2 милиметри и шрапнелско дејство, опишана како експлозивна материја забранета за граѓаните. Полицијата запленила и 240 куршуми со различен калибар, пиштол „Црвена Застава“ со калибар 7.65 mm и рамка со седум куршуми, пиштол „Берета“ со рамка во која имало шест куршуми, како и околу 7 грама марихуана.
Истражната постапка е за сомневања за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, дело од член 396 став 5 во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик, и за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, дело од член 215 став 1. Обвинителството соопшти и дека во станот бил пронајден клуч од мотор за кој постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување кривично дело убиство.
Обвинителот го предложил притворот како мерка неопходна за непречено водење на постапката. Како основи ги посочил опасноста од бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши кривични дела.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.