ФФМ смета дека разделбата во овој момент е најдобра и за репрезентацијата и за Седлоски и дека тој не треба да биде изложен на дополнителен притисок и негативни коментари. Според федерацијата, Седлоски можеби не ја презел репрезентацијата во најповолен момент, а можно е и очекувањата да биле превисоки со оглед на околностите и резултатите.
За ФФМ, резултатите не го намалуваат придонесот на Седлоски за македонскиот фудбал. Федерацијата го опиша како легендарен капитен и еден од најтрофејните македонски тренери, кому и по последниот натпревар му се должи почит.
ФФМ му се заблагодари на Седлоски за работата, посветеноста и професионалноста и изрази уверување дека со своето знаење и искуство ќе продолжи да придонесува за македонскиот фудбал, во клуб или во репрезентација.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.