Сармите ќе ги виткаат заедно во трпезаријата на храмот „Св. Благовештение“, како што е обичај за празникот. Во овој храм и пред параклисот на Свети Никола во центарот на Прилеп традиционално се одржуваат свеченостите во чест на заштитникот на градот. Пред параклисот секоја година се собираат илјадници верници.
Градот ја одбележува славата веќе две децении. За Општина Прилеп, заедничката трпеза е израз на солидарноста на прилепчани и на духовната традиција на градот. Годинава домаќин е кетеринг-компанијата „Рустика“, која заедно со Општината го подготвува чествувањето. Подготовките се одвиваат според планот, а Општината очекува голем број граѓани, верници и гости.
На денот на славата, во 12 часот, на Камената бина ќе почне културно-уметничката и музичката програма. Ќе ја води актерот и музичар Игор Џамбазов, а ќе настапат пејачката Дани Димитровска и етно-составот „Љубојна“, чија музика е инспирирана од македонската музичка традиција.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.