Најважно
358 вести · 24 ч.
Берово 7°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Битолски основци помогнаа да се изработи материјал за безбедност во сообраќајот

Гледај на Facebook
  • На работилницата учествуваа ученици од IV и V одделение.
  • Двајца професори од „Таки Даскало“ им ги претставија сообраќајните правила.

Учениците од IV и V одделение во подрачното училиште „Коле Канински“ во Битола денес добија едукативен материјал за безбедност во сообраќајот во чија изработка учествуваа и самите. Работилницата ја водеше пораката „Безбедноста е наша одговорност“.

Ангела Николовска и Драган Марковски, професори по стручни сообраќајни предмети во битолското средно училиште „Таки Даскало“, им ги претставија на учениците сообраќајните правила и прописи. Децата учествуваа и во квиз, а со професорите разговараа за своето учество во сообраќајот.

Целта на часот беше децата од мали нозе да развиваат сообраќајна култура и да разберат како со одговорно однесување можат да спречат опасност и да се грижат за безбедноста на другите. Од „Коле Канински“ велат дека учениците покажале голем интерес за темата и биле креативни при изработката на едукативно-промотивниот материјал.

Ментори на учениците беа предметниот наставник Дени Лековски, одделенската наставничка Ирена Мацеска и образовната асистентка Рената Стојаноски.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.