Станува збор за претходната согласност што, според подносителите, Славески и Народната банка ја дале за Алта банка АД Белград да стекне квалификувано учество во сопственоста на битолската банка. Пратениците бараат Славески да објасни како биле проверени инвеститорот, неговата сопственичка структура и потеклото на капиталот, како и како биле проценети ризиците за депонентите.
Пратениците прашуваат и врз која основа била дадена согласност за именување на Давор Мацура во Надзорниот одбор на битолската банка. Од Славески бараат да каже и што разговарал со премиерот Христијан Мицкоски на консултациите за влезот на Алта банка.
Подносителите очекуваат Собранието да расправа по интерпелацијата и да утврди политичка одговорност на гувернерот. Од Јавното обвинителство очекуваат да постапи по кривичните пријави што, според нив, веќе се поднесени за случајот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.