366 вести · 24 ч.
Берово 2°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Основци од Брвеница освоија гран при во Карпош за дела од отпад од пакување

Извор на фотографијата: Општина Карпош
Извор на фотографијата: Општина Карпош
  • Главната награда ја освоија учениците од „Костан Рацин“ од Брвеница.
  • Делата на основците од трите земји ќе бидат изложени до петок.

Учениците од ООУ „Костан Рацин“ од Брвеница ја освоија главната награда на меѓународната изложба на уметнички дела изработени од отпад од пакување, која денеска беше отворена во холот на Општина Карпош.

Златната награда им припадна на основците од ООУ „Алија Изетбеговиќ“ од Батинци. Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ од Куманово ја добија сребрената награда, а бронзената ја освоија учениците од ООУ „Братство-единство“ од Охрид.

На изложбата за деца и млади „Творење и креирање на дела од отпад од пакување“, покрај творбите на основци од цела Македонија, се изложени и дела на ученици од Чачак во Србија и од Цетиње и Тиват во Црна Гора.

Целта е преку ученичките дела да се поттикне свеста дека граѓаните, индустријата и институциите можат заедно да управуваат со отпадот од пакување на ефикасен и одржлив начин. Намерата е да се намали еколошкиот отпечаток и да се поттикне повторната употреба на материјалите како дел од циркуларната економија во Македонија. Тридневната изложба ќе биде отворена до петок.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.