Најважно
380 вести · 24 ч.
Берово -2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

ВИДЕО: Второодделенци од Муртино напишаа стихотворба за безбедно возење велосипед

Гледај на Facebook
  • Учениците пишуваа стихови и изработија илустрации за безбедно возење велосипед.
  • Секое дете испрати своја порака за безбедност во сообраќајот.

Второодделенците од основното училиште „Маршал Тито“ во Муртино ги преточија правилата за безбедно возење велосипед во стихови. Стихотворбата ја напишаа како дел од проектот „Вело училишта“.

Со одделенската наставничка Боркица Чокревска, учениците разговараа за основните правила за велосипедистите, боеја и изработија илустрации. Секој ученик испрати и своја порака за безбедност. Децата потсетија дека велосипедистите треба да носат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните знаци и да возат внимателно за да се заштитат себеси и другите.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.