Најважно
379 вести · 24 ч.
Берово 3°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Куманово разговараше со кинеска компанија за можни вложувања во зоната Новини и Речица

Извор на фотографијата: Општина Куманово
Извор на фотографијата: Општина Куманово

Кумановскиот градоначалник Димитриевски и претставници на кинеската компанија „China Shandong International Economic“ & „Technical Cooperation Group Ltd“. разговараа за можни инвестиции во Куманово, пред сѐ во индустриската зона Новини и Речица.

Двете страни разменија информации за тоа што им нуди зоната на инвеститорите и под кои услови компанијата би можела да вложува во општината. Општина Куманово е отворена за соработка и со домашни и со странски инвеститори. Целта е да привлече нови инвестиции, да создаде поволни услови за работење и да поттикне отворање работни места и развој на локалната економија.

Покрај градоначалникот, во разговорот учествуваа секретарот на Општината и претседателката на Советот. Компанијата ја претставуваа Гао Џичао, генерален директор на секторот за маркетинг, и Шао Сју, деловен менаџер во истиот сектор.

Во кинеската делегација беа и Ма Тонгјуе, секретар во Канцеларијата за економски и трговски работи при кинеската амбасада, и Чен Јушан, директор на кинеската адвокатска канцеларија „Gemchen“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.