Претставниците на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници посочија дека во изминатите години, со растот на бројот на туристи во Македонија, забележале недостатоци во условите за престој на странските гости, но и системски пропусти во Законот за туризам. Целта им е да се подобрат условите во Битола, Скопје, Охрид и во други туристички места.
Претседателот на асоцијацијата Димитар Кавраков ја предводеше делегацијата на средбата со битолскиот градоначалник Тони Коњановски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски. Двајцата ја поддржаа идејата водичите со своето знаење и искуство од терен да помогнат во развојот на туризмот во Битола, град со богато културно наследство.
Општина Битола и годинава објави јавен повик за финансиска поддршка на здруженија што работат на унапредување на туризмот во општината. Повикот е за здруженија што го имаат туризмот и во својата програма и во своите цели.
На национално ниво, асоцијацијата како член на Советот за туризам при Министерството за култура и туризам дава предлози за Стратегијата за развој на туризмот на Македонија за периодот од 2027 до 2032 година. Како дел од подготовката на стратегијата, во Битола се одржа и работилница за Пелагонискиот плански регион.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.