Анексот ги опфаќа и ОУ „Даме Груев“ и објектот познат како Турско училиште „Гоце Делчев“. Целта е општинските училишта да користат повеќе енергија од обновливи извори и да ја подобрат енергетската ефикасност.
На техничкиот увид и примопредавањето во „Св. Климент Охридски“ присуствуваа претставници на изведувачот и на донаторот, Фондацијата Отворено општество Западен Балкан, како и градоначалникот Тони Коњановски и претставници на општинската администрација.
Според Коњановски, со производство на струја од сонцето училиштата ги намалуваат трошоците за електрична енергија и придонесуваат за заштита на животната средина преку помали емисии на штетни гасови. Тој посочи дека централите им даваат можност на учениците и на наставниците во своето училиште да се запознаат со придобивките од обновливите извори на енергија и со одржливото користење на енергијата.
Во првата фаза, во 2024 година, фотонапонски централи добија шест основни училишта во општината: „Елпида Караманди“, „Стив Наумов“, „Коле Канински“, „Св. Кирил и Методиј“, „Александар Турунџев“ во Кукуречани и „Крсте Петков Мисирков“ во Бистрица.
Според претходната процена за тие шест училишта, годишната заштеда изнесува околу 15.000 евра вкупно. Училиштата може да ги искористат заштедените пари за подобри услови за настава и за проекти што одговараат на потребите на нивните училишни заедници.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.