Во Богородица се планира изградба на улицата „Гоце Делчев“, која треба да го поврзе селото со Стојаково. Општината ќе изработи и основен проект за изградба на улици во Блок 7.5.
Во Негорци, каде што отпадните води се проблем за земјоделските површини, Општината планира колектор за фекални води. За селото е предвиден и нов резервоар за вода.
За новиот градски плоштад во Гевгелија веќе се изработува идеен проект. Секторот за урбанизам подготвува документација и за нов фудбалски стадион, спортска сала и уредување на кејот на Вардар. Во близина на влезот во градот е планиран парк за миленичиња.
Во Мрзенци и Давидово се планираат јавни зелени површини каде што жителите ќе можат да се дружат. Во Мрзенци е предвиден урбан парк, а во Давидово парк со детско катче и други содржини. За излетничката зона „Сифулајка“ е предвидена урбана опрема, а за просторот покрај реката во Кованец опрема за одмор и рекреација.
Во Миравци и во Ново Конско (Горничет) се планира целосна реконструкција на домовите и на придружните простории за да се обезбедат соодветни услови за користење на двата објекта. Меѓу пошироките цели на општинските проекти се и подобри услови за општествениот и културниот живот во населените места.
Проектите произлегуваат од барања на жителите, а за некои од нив со години се бара проектно решение. Сарамандов и проектантите посетија повеќе локации во општината за да ги утврдат потребите, а постапките за проектирање се започнати. Секторот за урбанизам работи и на други општински проекти, од кои дел се во завршна фаза на проектирање.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.