Намерата на Комерцијална банка да стане сопственик на Алта банка е објавена на Македонската берза како ценовно чувствителна информација. Според Мицкоски, проблемите на Алта банка се последица на случувањата во Србија, а навремените мерки на Народната банка овозможиле да се закаже аукцијата.
Мицкоски рече дека Владата и Народната банка работеле заедно за да ја спасат Алта банка. Тврдењата на опозицијата за овој случај ги отфрли како шпекулации и невистини. Тој ја обвини опозицијата дека ја ограбувала државата додека била на власт, а за својата влада рече дека се обидува да ја поправи штетата.
Премиерот направи споредба со Еуростандард банка, која заврши во стечај. Според него, меѓу корисниците на кредити од таа банка во 2016 и 2017 година имало фирми од град во југоисточна Македонија поврзани со сегашни и поранешни опозициски политичари. Мицкоски тврди и дека тогашниот министер за финансии го повлекол својот депозит неколку дена пред да пропадне банката.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.